НАСА откри две нови планети

НАСА откри две нови планети

По само пет месеци од поставувањето во Земјината орбита, телескопот на НАСА - ТЕСС - кој е во потрага по нови светови надвор од нашиот Сончев Систем, откри две оддалечени планети. Ова е првото откритие на сателитот, соопштуваат официјални лица.

Планетите класифицирани како „супер Земја˝ и „жешка Земја“ се најмалку 49 светлосни години оддалечени од нас. Д-р Сара Сигер смета дека вселенските тела се премногу топли за на нив да има живот, но исто така додава дека се очекуваат уште повеќе занимливи сознанија.

- Мора да почекаме да видиме што уште ТЕСС ќе открие. Знаеме дека планети има и дека се „расфрлани по небото“ и само чекаат да ги пронајдеме - изјави Сииер.

Мисијата ќе трае две години и ќе чини 337 милиони долари. Сателитот досега идентификува и 73 ѕвезди околу кои можеби кружат планети што би можеле да одржуваат живот.

Извор: МИА