Експеримент открива како 1 час поминат во природа може да влијае врз човечкиот мозок

Експеримент открива како 1 час поминат во природа може да влијае врз човечкиот мозок

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во далечното минато животот се одвивал во зелени средини, со големи савани и шумски речни долини каде што нашите предци биле домаќини.

За споредба, градовите претставуваат радикално нов тип на живеалиште, кое и покрај многуте придобивки, често лошо влијае врз нашето ментално здравје. Многу истражувања ги поврзуваат урбаните средини со зголемен ризик од анксиозност, депресија и други проблеми со менталното здравје, вклучително и шизофренија.

За среќа, истражувањата откриваат кое е решението: посетата на дивината дури и накратко се поврзува со низа ментални и физички здравствени придобивки, вклучувајќи понизок крвен притисок, намалена анксиозност и депресија, подобрено расположение, подобар фокус, подобар сон, подобра меморија и побрзо заздравување.

Многубројни истражувања ја потврдија оваа корелација, но има уште многу да се научи. Дали само посетата на шумата навистина може да ги предизвика сите овие корисни промени во мозокот? И доколку е така, како може?

Истражувањата покажуваат дека амигдалата е помалку активирана за време на стрес кај руралните жители во споредба со жителите на градовите, но тоа не мора да значи дека руралниот живот го предизвикува овој ефект. Можеби е спротивното и луѓето што природно ја имаат оваа особина имаат поголема веројатност да живеат на село.

Теренското истражување доведе до интересни заклучоци. Истражувачите од Институтот за човечки развој „Макс Планк“ спровеле ново истражување, овој пат со помош на функционална магнетна резонанса (fMRI).

шума
Фото: Freepik

Учесниците што учествувале во истражувањето и шетале во шума пријавиле повторно враќање на вниманието и повеќе уживање во самата прошетка од оние што пешачеле во град, што е во согласност со резултатите од истражувањето со помош на fMRI, како и со претходните истражувања.

- Резултатите ја поддржуваат претходно претпоставената позитивна врска помеѓу природата и здравјето на мозокот, но ова е прво истражување што ја докажува причинско-последичната врска - вели еколошкиот невролог Сајмон Кун, раководител на „Лизе Мајтнер“ групата за еколошка неврологија во „Макс Планк“.

Исто така, истражувачите научиле нешто интересно за испитаниците што шетале низ град. Иако активноста на амигдалата не се намалила како кај оние што шетале во природа, не се ни зголемила и покрај тоа што поминале еден час во урбана средина.

Во секој случај, новото истражување нуди некои од досега најјасните докази дека мозочната активност поврзана со стрес може да се намали со прошетка во блиската шумичка, исто како што правеле нашите предци.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik