Нова документарна серија ја открива супермоќта на најнеобичните животни на Земјата

Нова документарна серија ја открива супермоќта на најнеобичните животни на Земјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Постојат милиони животински видови на Земјата, а повеќето од нив луѓето допрва треба да ги идентификуваат, што значи дека постојат многу суштества со извонредни квалитети за кои ништо не знаеме.

Нова документарна серија на „Нешнал џиографик“ под наслов „Супер/природно“ (Super/natural) на „Дизни плус“, употребува модерна технологија за да документира фасцинантни животни од целиот свет. Творец на документарната серија е Џејмс Камерон, а наратор е британскиот актер Бенедикт Камбербач.


Во серијата гледачите може да научат за способностите на животинските видови кои за човекот изгледаат натприродно.

Серијата нуди близок поглед на природата и фасцинантните животни во неа. Користејќи најнова кинематографска технологија, како инфрацрвена камера, Камерон и неговиот тим ткаат приказна која е забавна исто колку што е информативна. Се проценува дека над 1.000 луѓе придонеле за реализирањето на проектот.

Новата серија е достапна за гледање на „Дизни плус“ од 21 септември.

Извор: Green
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)