Светот доби над 5 милиони нови милионери лани

Светот доби над 5 милиони нови милионери лани

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Бројот на богати луѓе брзо се зголеми минатата година, поттикнат од состојбата на берзите и растот на цените на недвижностите. Дури 5,2 милиони луѓе во светот станаа милионери лани. Речиси половина од нив се во САД, според извештај на „Кредит Суис“.

Ова е најголем раст на бројот на милионери за која било земја во која било година во овој век, изјавиле од банката. На крајот од 2021 година нивниот број е 62,5 милиони милионери.

Вкупното глобално богатство изнесува 463,6 билиони долари на крајот од минатата година, што е пораст за 9,8 отсто од претходната година.

Најголемо зголемување на богатството е забележано во САД и во Кина, а по нив следуваат Канада, Индија и Австралија.

Минатата година богатството на најбогатите 1 отсто во светот порасна втора година по ред. Овие лица поседуваат 45,6 отсто од целото богатство во светот.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay