Универзитет ги советува студентите да се откажат од факултетот поради ограничени капацитети за сместување

Универзитет ги советува студентите да се откажат од факултетот поради ограничени капацитети за сместување

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу студенти во Шкотска имаат проблем со сместувањето поради повисоките станарини и ограничените капацитети за сместување. Универзитет во Шкотска ги советува студентите што не може да најдат сместување да се откажат од факултетот или да размислат за паузирање на студирањето.

Универзитетот во Глазгов најави дека ќе бидат преземени иницијативи за поддршка на студентите што имаат проблеми со сместувањето. Меѓутоа, универзитетот испрати и електронска порака до студентите во која ги советува да се откажат од студирањето или да го стават во мирување.

Студентите се советувани да не се запишуваат на факултет или да не доаѓаат во Глазгов пред претходно да договорат сместување. Од Универзитетот изјавија дека потребата за студентско сместување секогаш е поголема од капацитетите во овој град, но и низ земјата. Ова се случува иако на почетокот од овој семестар капацитетите за сместување биле зголемени за 25 отсто.

Од Универзитетот изјавија и дека разговараат со локалната власт за да најдат решение за проблемот.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Глазгов/Pixabay