Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од авторката Наташа Дукоска
- Oтсекогаш имам посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно џемперче кое е секогаш подготвено да се најде, и во ладно и во топло“, вели Наташа.
„Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“ е новата сликовница од циклусот: Приказни за облеките, каде што главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти. Во новата сликовница, која се очекува да биде следна во низата, го запознаваме џемперчето Воли, скратено од Волненко.
Оваа сликовница ја напиша Наташа Дукоска, која вели: „Отсекогаш имам посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно џемперче кое е секогаш подготвено да се најде, и во ладно и во топло“. Илустрациите и овој пат се на Хари Дудевски, а издавач е „Чудна шума“.
Се очекува сликовницата да излезе од печат до крајот на годината и да биде достапна за македонските мали читатели.
Наташа Дукоска
Децата одлично ја прифатија првата сликовница од овој циклус и научија како да се грижат за своите облеки бидејќи и тие имаат живот!