„Нетфликс“ објави листа со најгледаните серии и филмови за 2024 година

„Нетфликс“ објави листа со најгледаните серии и филмови за 2024 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Нетфликс“ објави нов официјален извештај за најгледаните серии и филмови во првата половина од годината.

Третата сезона на серијата „Бриџертон“ се најде на прво место, а кога станува збор за филмовите, „Дамсел“ го зазеде првото место.

Извештајот ги рангира достигнувањата на „Нетфликс“ врз основа на прегледи и часови на гледање, а вклучени се податоците од првите 6 месеци од 2024 година. Листата вклучува некои очекувани филмови и серии како „Бебе ирвас“ и „Бриџертон“.

Интересно е што сериите и филмовите од неанглиско говорно подрачје имаат речиси една третина од сите прегледи во првата половина од оваа година.

„Нетфликс“ смета дека времето на гледање е најдобар показател за тоа колку корисниците се задоволни од платформата, а претплатниците гледале над 94 милијарди часа содржина од јануари до јуни 2024 година.

Најгледани серии на „Нетфликс“ за 2024 година:

10. „Бриџертон“ (1 сезона) - 314.500.000 часа гледање;
9. „Берлин“ (1 сезона) - 318.400.000 часа гледање;
8. „Бебе ирвас“ - 347.600.000 часа гледање;
7. „Гризелда“ - 383.000.000 часа гледање;
6. „Проблем со три тела“ (1 сезона) - 388.100.000 часа гледање;
5. „Џентлмени“ (1 сезона) - 507.300.000 часа гледање;
4. „Аватар: Последниот воздушник“ (1 сезона) - 515.300.000 часа гледање;
3. „Кралица на солзите“ - 682.600.000 часа гледање;
2. „Излажи ме еднаш“ - 689.500.000 часа гледање;
1. „Бриџертон“ (3 сезона) - 733.800.000 часа гледање.



Кога станува збор за филмовите, овие 10. филма се најдоа на листата со најгледани во првата половина од годината:

10. „Ирска желба“ - 113.000.000 часа гледање;
9. „Бунтовничка Месечина: Давател на лузни“ - 115.300.000 часа гледање;
8. „Мајката на невестата“ - 116.500.000 часа гледање;
7. „Бунтовничка Месечина прв дел: Дете на огнот“ - 122.800.000 часа гледање;
6. „Супер Марио: Филм“ - 123.100.000 часа гледање;
5. „Под Париз“ - 146.800.000 часа гледање;
4. „Атлас“ - 154.200.000 часа гледање;
3. „Лифт“ - 230.800.000 часа гледање;
2. „Општество на снегот“ - 252.500.000 часа гледање;
1. „Дамсел“ - 263.700.000 часа гледање.



Извор: Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube