Хромозомите не изгледаат онака како што мислиме

Хромозомите не изгледаат онака како што мислиме

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Хромозомите се тенки форми во облик на буквата Х. Ова го учевме на училиште. Меѓутоа, истражувачи од лабораторијата на истражувачката Шаовеј Џанг при Универзитетот „Харвард“ откриваат дека ова не е точно претставување на хромозомите.

Во 90% од случаите хромозомите не изгледаат така, вели истражувачот Џун-Хан Су.

Истражувачите користеле тродимензионално фотографирање за да покажат како изгледаат хромозомите, а нивните откритија се објавени во списанието „Сел“.


Фото: Cell

Тимот го покажал изгледот на хромозомите со систем за тродименизионално фотографирање со десетици фотографии направени од повеќе агли. На тој начин се добила јасна слика од структурата на хроматинот.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com