Бобан Илиоски стана светски шампион во кикбокс

Бобан Илиоски стана светски шампион во кикбокс

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски ја освои титулата на Светското првенство кое се одржува во португалскиот град Албуфеира, откако во денешното финале го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

На патот до златниот медал во категоријата лоу кик до 86 килограми Илиоски дојде со три убедливи победи од по 3-0.

Настапот на Светското првенство во кикбокс македонскиот натпреварувачот го почна со триумф во четврт-финалето над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина, а во полуфиналето беше поуспешен од Елјан Алкишијев од Азербејџан.

Минатиот ноември Илиоски ја освои и титулата европски првак во категоријата лоу кик до 86 килограми.

Извор: МИА