ДЗС: Просечната нето-плата за септември изнесува 45.466 денари
Во септември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45.466 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец е 68.392 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Оттаму додаваат дека во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,3 %.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование за 14,9 %, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 % и транспорт и складирање за 11,5 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: преработувачка индустрија за 3,5 %, јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,8 % и рударство и вадење камен за 1,1 % - стои во соопштението.
Фото: Freepik