„Аватар“ десет години подоцна: Зошто е потребно толку многу време за да се направи продолжение на филмот?

„Аватар“ десет години подоцна: Зошто е потребно толку многу време за да се направи продолжение на филмот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Се сеќавате на „Аватар“, вториот најголем филм во историјата на филмовите што повеќето љубители на филмот одамна го заборавија? Филмот со сините луѓе. Поминаа 10 години без продолжение, но во новото интервју режисерот Џејмс Камерон има сосема логично објаснување.

- Луѓето навистина не ги сфаќаат обемот и сложеноста на процесот. Тоа е исто како снимање два и пол големи анимирани филма. Типично, големиот анимиран филм трае околу четири години, така што, според математиката, следниот ќе дојде во 2021 година - додава Камерон.

Најпрво планирал филмот премиерно да биде прикажан во декември 2014 година, па продолжението да дојде по една година, односно во декември 2015 година, што секако не се случило. Откако бил во план и четврти филм, сепак, одлучиле премиерите да бидат во декември 2016, 2017 и 2018 година. Потоа, во јануари 2015 година беше објавено дека сепак декември 2017 година е резервиран за продолжението на „Аватар“, на што Камерон изјави дека пишувањето на сценариото е виновно за толку долгото чекање.

- Од 2013 година до денес цел свет го дизајниравме низ четири нови филма. Напишавме сценарија за сите четири филма. Главно, завршивме со акцијата во живо. Напролет одиме во Нов Зеланд на неколку месеци. Мене не ми е важно кога ќе излезе филмот, туку процесот на неговото настанување - изјави режисерот, додавајќи дека би сакал продолженијата на „Аватар“ да бидат пуштени во најмало можно растојание.

Зои Салдана повторно ќе се најде во улогата на принцезата Нејрити, а Семјуел Ворингтон во улога на Џејк Сали. Божицата на научнофантастичните филмови, Сигурни Вивер, и негативецот Стефан Ланг исто така учествуваат во продолжението, иако нивните ликови умреа во првиот дел.

2
Фото: Getty Images


Камерон најави дека секое продолжение ќе биде филм за себе, во случај да спаѓате во оние 3 отсто што не го гледале првиот дел.

Сместен неколку години по случувањата во првиот дел, Сали сега е поглавар, а Нејрити голема свештеничка на нивниот клан.

Со оглед на фактот колку трае пишувањето на сценарио и колку долго филмот се подготвува, сето ова лесно може да се промени. Сè уште не постои официјален трејлер за новото продолжение.