Д-р Фанка Гилевска од „Промедика Офталмологија“ - добитничка на Деканова награда на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб

Д-р Фанка Гилевска од „Промедика Офталмологија“ - добитничка на Деканова награда на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб

Професионалната посветеност, научната продуктивност и континуираниот стремеж кон извонредност на д-р Фанка Гилевска, офталмолог во „Промедика Офталмологија“, се крунисани со високо академско признание Деканова награда на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб.

Д-р Гилевска во 2024 година успешно го одбрани својот докторски труд на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема“Impact of the postoperative corneal density on the shape of the cornea after corneal cross linking procedure”, со што даде значаен научен придонес во областа на корнеалната офталмологија и современите cross-linking процедури.



Како признание за исклучителната научна активност, континуираната истражувачка работа и високиот квалитет на академскиот придонес за време на докторските студии, оваа година д-р Гилевска се здоби со Деканова награда, која традиционално им се доделува на мал број доктори на науки за нивната исклучителна продуктивност и посветеност.



Наградата ѝ беше врачена на свечената седница по повод 108-годишнината на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб, еден од најзначајните медицински факултети во регионот.



Ова високо признание претставува потврда за нејзината професионална зрелост и научен интегритет, но и за вредноста што д-р Фанка Гилевска ја носи во секојдневната клиничка практика и во развојот на офталмологијата во рамките на најголемата очна групација во земјата - „Промедика Офталмологија“, каде што знаењето, искуството и грижата за пациентите се поставени како највисок приоритет.





Фото: приватна архива