Еве што повеќе нема да можете да правите на „Инстаграм“

Еве што повеќе нема да можете да правите на „Инстаграм“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Инстаграм“ најави значајна промена во начинот на користење хаштази на својата платформа.

Оваа социјална мрежа воведува ново правило што ќе влијае врз начинот на кој корисниците ги означуваат своите објави. Како што е соопштено, отсега ќе биде дозволено користење најмногу пет хаштази (#) по објава, вклучително и кај рилс-содржините.

Според наводите на компанијата, целта на оваа одлука е да се намали несоодветната и прекумерна употреба на хаштази, како и да се подобри квалитетот на содржината што се појавува во резултатите од пребарувањето.

Адам Мосери, директор на „Инстаграм“, истакна дека поголем број хаштази не носи автоматски подобра видливост, туку дека прецизните и релевантни ознаки се далеку поефикасни од голем број општи и генерички хаштази.

„Инстаграм“ веќе подолго време нагласува дека хаштазите повеќе немаат клучна улога во зголемувањето на досегот на објавите, како што тоа беше случај порано. Наместо тоа, алгоритамот сè повеќе ги фаворизира квалитетот на содржината, интеракцијата со публиката и јасно дефинираната тема на објавата.

Оваа промена е дел од пошироката стратегија на платформата насочена кон намалување на спам-содржините и поттикнување поавтентичен начин на комуникација меѓу корисниците.

Извор: Atvbl.rs
Фото: Freepik