Избираме најдобро украсена студентска соба

Избираме најдобро украсена студентска соба

Факултети.мк петта година по ред подарува ваучер од 5.000 денари за најкреативните студенти што живеат во студентски дом. Традиционално ја избираме најдобро украсената студентска соба, а за тоа повторно ќе побараме помош од читателите.

Единствените услови за учество се да нè заследите на „Инстаграм“: @fakultetimk и да ни испратите 5 фотографии од вашата соба.

Испратете ни максимум 5 слики на redakcija@fakulteti.mk со следните податоци: број на соба, студентски дом и контакт. За секоја соба ќе објавиме посебен албум со фотографии на „Инстаграм“ и ваучерот ќе го добие онаа со најмногу лајкови.

Фотографиите и податоците може да се испраќаат од денес до недела 28 декември, на полноќ. Сите фотографии што ќе бидат испратени до 14 часот ќе бидат објавени во текот на истиот ден, додека оние што ќе бидат испратени подоцна, ќе ги објавиме следниот ден. Фотографиите што ќе бидат испратени за време на викендот, ќе бидат објавени в понеделник, 29 декември. Краен рок за испраќање фотографии е 00 часот на 28 наспроти 29 декември. Фотографиите што ќе бидат испратени подоцна од тој рок нема да влезат во конкуренција.

Гласањето ќе трае до 2 јануари 2025, до 12 часот напладне, кога ќе биде прогласена најдобро украсената соба.

Победникот ќе биде исконтактиран за преземање на ваучерот по божиќните празници.

Напомена: Доколку некој се служи со алатки за собирање лајкови по вештачки пат, ќе биде дисквалификуван.

Со среќа и ве очекуваме!