Кои биле првите корисници на „Фејсбук“?

Кои биле првите корисници на „Фејсбук“?

Секој корисник на „Фејсбук“ има идентификациски број кој се добива при регистрирањето. Интересно е тоа што Марк Закерберг не е под идентификацискиот број 1. Имено, првите три броја биле наменети за тестирање, оставајќи го Закерберг на четвртото место.

Броевите 5 и 6 биле наменети за неговите соработници и коосновачи - Крис Хјуџес и Дастин Московиц.

Хјуџес и Московиц ја напуштиле компанијата во 2008 година. Хјуџес бил првиот портпарол на „Фејсбук“, а по заминувањето во 2008 година ја водел онлајн-кампањата на Барак Обама.

Еден од коосновачите бил и Едуардо Саверин, но неговиот ID е 41, што не е ни близу првите корисници.

Меѓу првите корисници на „Фејсбук“ стојат имињата на тогашниот цимер на Закерберг, Ари Хасит, и неговиот колега од факултет Ендрју Меколум, кој е заслужен за првото лого на „Фејсбук“.

Интересно е тоа што меѓу првите корисници е и Крис Путнам, кој во 2005 година го заразил „Фејсбук“ со „црв“ кој направил да изгледа како „My Space“. Наместо да повика полиција, Закерберг му понудил работа.