Научете како функционира генетиката со помош на овој едноставен експеримент со гумени бонбони

Научете како функционира генетиката со помош на овој едноставен експеримент со гумени бонбони

Подготвил: Тамара Гроздановски

Како деца, ги обожававме гумените бонбони и уживавме во овие слатки задоволства. Но, она што некогаш за нас беше вкусна ужина, сега може да биде доста едукативно.

Користејќи гумени бонбони во различни бои, може да се направи шарено семејно стебло илустрирајќи како генетиката се пренесува од родителите на децата.

Иако професорите по наука долго време ја користеа оваа техника во наставата, генетичкиот експеримент со гумени бонбони неодамна стана вирален преку твитовите на професорот по социјална невронаука Џеј Ван Бавел од Универзитетот во Њујорк.

Во случај да сте заборавиле сè што сте научиле во средно училиште, земете неколку гумени бонбони и потсетете се.

Веројатно знаете дека луѓето половина од генскиот состав го добиваат од својот татко и половина од својата мајка. На сликата подолу можете да видите како жолта и црвена гумена бонбона - мечиња произведуваат полужолто и полуцрвено дете. Кога генетиката на тоа дете преминува во нова личност (зеленото гумено мече), жолтото и црвеното гумено мече обезбедуваат половина од новата генетика за ова наредно дете.
Сепак, за време на развојот на жолтата и црвената гумена мечка, генската рекомбинација на нивната ДНК ги меша хромозомите добиени од нивните родители. Затоа, ДНК наследена од двете баби и двајцата дедовци се појавува кај нивното внуче - иако пропорциите можат да бидат нееднакви.

И покрај математичката едноставност при примањето на ДНК од мајката и таткото во еднаква мера, како што се движи семејното стебло, одредена ДНК повеќе нема да биде застапена кај потомците. ДНК продолжува да се комбинира додека е пренесена од потомок на потомок. Од оваа причина, некој со одлични генеолошки вештини знае дека имал единствен шпански предок во 16 век. Но, со текот на годините, оваа ДНК може да е целосно елиминирана од ДНК на современата личност.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Twitter