Оглас за вработување куќна помошничка
Се бара лице за работа како куќна помошничка за стан (80м2) во центар на Скопје наспроти Холидеј Инн. Работниот ангажман ќе биде 2 дена во неделата (понеделник и четврток или вторник и петок) од по 8 часа во период од 08.00ч – 16.00ч. Се препорачува за студенти или лица кои имаат флексибилно слободно време. Работниот ангажман ќе биде по договор на дело во времетраење од 6 месеци со можност за продолжување на истиот. Аплицирање строго по е-пошта (support@t-dynamics.com), со кратко CV со основни лични податоци, возраст, предходно работно искуство и слика.
Работни задачи:
- Генерално чистење на сите простории (3 соби, ВЦ, Остава).
- Уредување на постелнина.
- Подредување и пеглање на облека.
- Миење и подредување на садови и прибор.
- Набавка на средства за чистење и останати производи за домот по подготвен список.
- Исфрлање на смет.
Потребни услови:
- Физичка способност за работа со средства за чистење.
- Внимание на детали.
- Одговорност, посветеност и дискреција.
- Достапност според предвидените термини во неделата и период од денот.
Плата и услови:
- Нето плата врз основа на договор на дело: 32,000.00 ден + 10% платен личен данок.
- Дополнителна дневница за ангажман повеќе од 2 дена во неделата: 2,500.00 ден.
- Обезбедена работна облека и заштитни средства.
support@t-dynamics.com