Дел од сценариото за серијата „Јужен парк“ ќе го пишува вештачка интелигенција

Дел од сценариото за серијата „Јужен парк“ ќе го пишува вештачка интелигенција

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Креаторите на планетарно популарната анимирана серија „Јужен парк“ одлучија дел од сценариото за последната епизода да го напише програма за развој на вештачката интелигенција.

Дел од сценариото за епизодата „Длабоко учење“ (англ.Deep Learning) е напишана од програмата „Чет-ГПТ“ на компанијата за развој на вештачката интелигенција „Оупен Ај-еј“.

Целата епизода е за чет-бот, а тој ги генерирал последните неколку минути.

Во четвртата епизода од 26. сезона има неколку момчиња од класот кои користат чет-бот за пишување есеи и испраќање текстуални пораки на девојчињата, а токму завршната одјава покажува дека е напишана од Треј Паркер и „Чет-ГПТ“.

Оваа програма го генерираше говорот на Стен, познат по својот роботски звук во кој момчето зборува зошто луѓето не треба да се обвинуваат за користење „Чет-ГПТ“.

- Гигантските технолошки компании се тие што го зедоа „Оупен Ај-еј“, го спакуваа, го монетизираа и ни го наметнаа на сите нас најбрзо што можеа за да напредуваме - вели ликот.

Поголемиот дел од епизодата е напишан од Треј Паркер, а тој и кокреаторот Мет Стоун веќе изразија желба да користат вештачка интелигенција, откако заедно обезбедија инвестиција од 20 милиони долари за своето студио за вештачка интелигенција „Дип вуду“.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube