Околу 14 отсто од работниците во Јапонија имаат над 65 години

Околу 14 отсто од работниците во Јапонија имаат над 65 години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Има многу разлики во пазарот на трудот низ развиените земји, особено кога станува збор за работниците над 65-годишна возраст.

Според податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), најмногу работници над 65-годишна возраст има во Јапонија и во Јужна Кореја. Околу 14 отсто од вкупната работна сила во Јапонија ја сочинуваат работници постари од 65 години. Во Јужна Кореја процентот изнесува 13 отсто.

За споредба, овој процент е многу помал во Европа. Само 1,3 отсто од сите вработени се постари од 65 години во Шпанија, а 3,8 отсто во Обединетото Кралство. Ова е така и покрај фактот што двете европски земји ја зголемуваат возраста за пензионирање и моментално таа изнесува околу 66 години.

Во САД минималната возраст за пензионирање е приближно иста како во Европа, но процентот на постари работници изнесува 6,6 отсто.


Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay