Шпански поговорки: „Оној што сака да пее, секогаш ќе најде песна“

Шпански поговорки: „Оној што сака да пее, секогаш ќе најде песна“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Оној што сака да пее, секогаш ќе најде песна“ е една популарна шпанска поговорка за позитивниот став кон животот. Во продолжение се дадени и други шпански поговорки за животот.

- Не е важно да ви аплаудираат кога влегувате, туку да им недостигате кога излегувате.

- Ниту смеете да се фалите себеси, што е суета, ниту да се критикувате, што е потценување.

- Негувајте го вашиот извонреден талент, но не занемарувајте ги другите. Секој човек може да го достигне врвот само ако знае во што се истакнува.

- Кој има долгови, а прави нови, ако не лажел, ќе лаже.

- Оној што му прогледува низ прсти на крадецот и самиот е крадец.

- Добриот човек, како и добриот коњ, може да го јаваат луѓето.

- Потценете го вашиот непријател и брзо ќе бидете поразени.

- Да се ​​сака и да не се биде сакан е како да одговараш, а да не те прашуваат.

- Да беше болка глупоста, од секоја куќа ќе се слушаа лелеци.

- Запомнете го советот на некој што ве сака, дури и ако ви звучи лошо.

- Не може да се сака и да се биде разумен.

- Оние што малку знаат се брзи со јазикот.

- Подобро е да се краде со добрите отколку да се моли со лошите.

- Она што чини малку, се цени уште помалку.

- Слушајте што велат за другите и ќе знаете што велат за вас.

Извор: Stil
Насловна фотографија: Pixabay