Лани во Македонија докторирале 174 лица, најмногу вработени во образованието

Лани во Македонија докторирале 174 лица, најмногу вработени во образованието

Минатата година 174 лица во Македонија го стекнале звањето доктор на науки, што претставува намалување за 11,7 % во споредба со 2022 година, објави Државниот завод за статистика.

Најголем број од лицата, 22,4%, докторирале во областите бизнис, администрација и право, потоа 20,7% во здравство и социјална заштита, следуваат општествените науки, новинарството и информирањето со 13,8 %, уметноста и хуманистичките науки со 12,1%, а останатите области се со помал процент на застапеност.

91 жена одбраниле докторска дисертација во текот на 2023 година, што претставува 52,3% од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, вкупно 37, односно 21,2%, ја вршат својата професија во образованието.

Дури 63 од новите доктори на науки во земјава се странски државјани.

Фото: Freepik