Европски град со најдобри услови за работа на далечина: За храна се трошат 128 евра месечно, а за интернет помалку од 15 евра
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Европските држави нудат флексибилни опции за работа на далечина, а во последно време не е предизвик да се добие виза за дигитални номади, туку да се избере каде е најдобро да се преселиш.
Дигиталните номади се луѓе како ИТ-експерти, дизајнери, писатели и преведувачи кои ја користат технологијата за работа на далечина. Нивната работа не е врзана за фиксно место и канцеларија, туку можат да ја извршуваат од каде било сè додека имаат интернет. Но, кое место да се избере?
Секако, многу зависи од личните потреби, но нова студија на онлајн платформата „Плејерстајм“ ги анализирала 35. најпосетени дестинации во Европа за да открие кои се најдобрите места за работа на далечина.
Во истражувањето биле анализирани цените на сместување, храна, интернет, јавен превоз и нивото на безбедност. Без поголемо изненадување, се покажало дека градовите од Централна и Источна Европа нудат најдобра вредност за парите кога станува збор за брз интернет, поволно сместување и јавен превоз, додека земјите од Западна и Северна Европа се значително поскапи.
Краков се покажа како најдобар град за работа на далечина.
Вториот најголем град во Полска се најде на првото место на листата благодарение на многуте позитивни карактеристики.
Истражувањето покажа дека просечните месечни трошоци таму изнесуваат 1.423 евра. Храна може да се купи за 128 евра месечно, а интернет за 13,94 евра. Краков е и многу безбеден град за живот, со индекс на безбедност 75,08 од вкупно 100.
На второто место се најде уште еден полски град, Варшава, кој нуди сигурна и брза интернет-врска по поволна цена.
Меѓу 10. најдобри градови за дигитални номади се и Будимпешта, Прага, Мадрид, Лисабон. Меѓу нив, (на 9. место) на оваа листа се најде и хрватскиот град Дубровник, кој се покажа како најбезбеден град во целото истражување со индекс 82,23 од 100.
Најдобри европски градови за дигитални номади во 2026
1. Краков, Полска
2. Варшава, Полска
3. Будимпешта, Унгарија
4. Прага, Чешка
5. Талин, Естонија
6. Мадрид, Шпанија
7. Севиља, Шпанија
8. Лисабон, Португалија
9. Дубровник, Хрватска
10. Порто, Португалија
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik