Избран е најтажниот филм на сите времиња

Избран е најтажниот филм на сите времиња

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Љубителите на филмот го избраа најтажниот филм на сите времиња, а победник, со голема предност пред конкуренцијата, е „Титаник“.

Во анкета спроведена меѓу 2.000 гледачи, филмот на Џејмс Камерон од 1997 година ги надмина класиците како „Бележникот“ и „Дух“.

Истражувањето, нарачано од телевизискиот канал „Грејт романс“, покажало дека дури 41 отсто од испитаниците заплакале гледајќи ја трагичната љубовна приказна на богатата аристократка Роуз и сиромашниот уметник Џек, за време на нивното прво и последно патување со „Титаник“.

Жените плачат повеќе од мажите


Филмот во кој глумат Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо најмногу ги погодил жените - речиси половина од анкетираните (47 отсто) признале дека им се насолзиле очите, додека истото го признале и третина од мажите (34 отсто).

На второто место се најде романтичната драма „Бележникот“ со Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс, која една петтина од гледачите (20 отсто) ја прогласиле за филм што најмногу ги тера на плачење. Приказната за децениската љубов помеѓу Ноа и Али за потажна ја сметале жените (26 отсто) отколку мажите (15 отсто).

Повеќе од 10 отсто од испитаниците изјавиле дека најмногу ги расплакал хитот „Дух“ од 1990 година со Патрик Свејзи и Деми Мур.
Холивудските класици „Однесено со виорот“ и „Казабланка“ добиле 10, односно 9 отсто од гласовите, колку што освоила и современата романтична комедија „Навистина љубов“.

На листата се најдоа и „Убава жена“ (8 отсто), „Нотинг Хил“ (6 отсто), „Валкан танц“ (6 отсто) и „П.С. Те сакам“ (6 отсто).

Истражувањето потврдило дека жените двојно почесто плачат на филмови отколку мажите.

Извор: BIZlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube