ОПААА, ПРВА ПЛАТА? Шпаркасе Банка и Vibe On – за моментот што се памети засекогаш

ОПААА, ПРВА ПЛАТА? Шпаркасе Банка и Vibe On – за моментот што се памети засекогаш

Прв училиштен ден. Прва љубов. Прво патување. Прво вработување. И – прва плата. Тоа се моментите што не се забораваат. Моментите кога нешто се менува. Кога почнуваш да стоиш на свои нозе.

Првата плата не е само бројка на сметка. Тоа е чувство. Гордост. Потврда дека си направил/а нешто свое.

Шпаркасе Банка ја започнува кампањата „Vibe On Прва плата“ – наменета за младите што го прават својот прв чекор во светот на работата и финансиската самостојност.
Кампањата ја позиционира Банката како партнер во тие „први“ моменти – не како институција, туку како поддршка во почетокот на ново животно поглавје.

Во Шпаркасе Банка младите добиваат пакет што одговара на нивниот начин на живот и темпо:

• дебитна картичка
• пристап до мрежа од над 100 банкомати низ државата
• Клуб на попусти и бенефиции кај широка мрежа на партнери
• подигнување готовина во 10 земји каде што е присутна Групацијата
• напредно дигитално банкарство преку мобилната апликација:
- брзи и безбедни трансакции
- преглед на ПИН
- „подели сметка“ и „плати на пријател“
• Депозити и кредитни производи со поволни каматни стапки
• платформа за финансиска едукација – www.vibeonedu.mk
- Сето тоа – едноставно, јасно и без непотребна компликација.

- Првата плата е момент што се памети засекогаш. Не само поради парите, туку поради чувството дека започнува нешто твое. Со Vibe On сакаме да бидеме дел од тој момент – како банка што ги разбира младите, нивниот стил, нивните очекувања и нивниот начин на живот. Да им дадеме алатки, но и самодоверба да ги направат своите први чекори - изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Кампањата има цел да го направи моментот на примање плата поблизок, порелевантен и – да, покул. Да покаже дека префрлувањето плата не мора да биде сложен и досаден процес, туку може да биде дел од искуство што се памети.

За повеќе информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk или на 02/15050

(Комерцијална објава)