Швајцарските возови се најточни во Европа - другите доцнат вкупно 136 години

Швајцарските возови се најточни во Европа - другите доцнат вкупно 136 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Меѓу развиените земји во Европа, според точноста на железничкиот сообраќај, Швајцарија е неприкосновена, додека во некои земји железниците имаат тешкотии да се придржуваат до возниот ред.

Компанијата „Чу-чу“ детално ги анализирала податоците за точноста на патничкиот железнички превоз во 2025 година во Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија и во Швајцарија.

Анализата опфатила 17,3 милиони пристигнувања на возови, а просечната стапка на точност за опфатените земји изнесувала 80,9 отсто.

Доцнеле 19,1 отсто од возовите, и тоа вкупно 71,3 милиони минути, или поедноставно кажано, малку помалку од 136 години.

Во рангирањето на земјите рекордер по точност е Швајцарија, каде што 98,7 отсто од возовите пристигнале според возниот ред. Анализата покажува дека и за малите доцнења најчесто биле одговорни соседите од Германија.

Веднаш зад Швајцарија се најде Холандија (93,9 отсто точност), потоа Белгија (88,6 отсто), Австрија (82,2 отсто), Франција (79,7 отсто), Италија (62 отсто), а на последното место со стапка на точност од 58,5 отсто е Германија.

Германските возови, ако доцнењето се пресмета како време, доцнеле вкупно 66,8 години, што е речиси трипати повеќе од возовите во Италија, која се најде на претпоследно место, кои доцнеле 22,7 години.

Истражувачите утврдиле дека сите европски возови по правило губат ритам по 17 часот, и дека најголеми се шансите да се најдете во воз што ќе го пробие возниот ред навечер.

Затоа, меѓу првите десет линии со најголеми доцнења се исклучиво возови со спални вагони, а рекордери се ноќниот воз на релацијата Стокхолм - Берлин и возот меѓу Инсбрук и Амстердам, кој во 2025 година во просек доцнел 80,8 минути.

Извор: 021.rs
Фото: Freepik