Отворен ден за студенти во АПТИВ – Македонија!

Отворен ден за студенти во АПТИВ – Македонија!

Дојдете на Отворениот ден за студенти во АПТИВ – Македонија и откријте ги можностите за пракса во брзорастечка интернационална компанија!



АПТИВ е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот, на тој начин овозможувајќи автомобилите да бидат побезбедни, поеколошки и подобро поврзани.

АПТИВ е брзо растечка интернационална компанија која за првпат беше отворена во Македонија во 2016-та, под името Делфи Електроникс Систем во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик. Новиот бренд и име подобро ја отсликуваат визијата на АПТИВ – „креатор на мобилната иднина“. Денес, повеќе од 420 луѓе работат во АПТИВ – Македонија и заеднички ја оставаруваат визијата за мобилна иднина.

Доколку и ти сакаш да ја почувствуваш атмосферата, да се запознаеш директно со менаџерскиот тим, да дознаеш за сите работни можности и професионално да се развиеш, аплицирај за Отворениот ден за студенти во АПТИВ – Македонија! Поради потребите за проширување на тимот, студентите кои ќе присуствуваат ќе имаат можност за пракса во компанијата!