Шестмесечна пракса за студенти во Bosch-Германија

Шестмесечна пракса за студенти во Bosch-Германија

Светски познатата германска компанија Bosch е во потрага по двајца практиканти, кои би работеле во Одделот за набавки! Одделот за набавки при Bosch е еден од водечките добавувачи во областа на производствените технологии. Во овој оддел се развиваат и произведуваат комплетни решенија за фармацевтската, прехранбената, како и кондиторската индустрија, во над 15 земји ширум светот!



ШЕСТМЕСЕЧНА ПРАКСА ЗА СТУДЕНТИ ВО BOSCH - ГЕРМАНИЈА

 Кои услови треба да ги исполнувате?

- Тековни студии по индустриско инженерство, бизнис менаџмент или други сродни науки;
- Најмалку три завршени семестри;
- Познавање на германскиот јазик најмалку на А2 ниво
- Способност за работа со MS Office и пожелно познавање на SAP;
- Независност во работењето и високо ниво на само-иницијатива;
- Комуникациски вештини и тимска работа;
- Почеток на пракса: септември/ октомври 2018.

ВАЖНО: Препорачливо е апликантите да се редовни студенти (како дел од документацијата потребна за виза потребно е поседување на потврда за редовен студент).

Аплицирајте на dimitar@macedonia2025.com, најдоцна до 15-ти мај, 2018.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://bit.ly/2HsFsdU