Јан Стојановски освои бронзен медал на Европската олимпијада по физика

Јан Стојановски освои бронзен медал на Европската олимпијада по физика

Македонските натпреварувачи на 6. Европска олимпијада по физика се вратија со еден бронзен медал и две пофалници, соопштија од Друштвото на физичари.

На Олимпијадата, која се одржа во Љубљана, Словенија од 20 до 24 мај, Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, освои бронзен медал.

Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци, и Матеј Јовчевски, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, добија пофалници.

На Олимпијадата учествуваа и достојно се претставија и Емилија Николовска, ученичка во втора година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје, и Матеј Гелев, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

Фото: Facebook