Проверете дали ќе добиете финансиска помош за електрична енергија

Проверете дали ќе добиете финансиска помош за електрична енергија

Министерството за економија објави списоци со лица кои оствариле право на надомест согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година.

Како што е веќе познато, финансиската поддршка ќе им биде доделена на лицата со ниски примања чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето-приходот од 30.000 денари. Примателите на финансиска помош се поделени во пет категории: самци, домаќинство со два, три, четири и домаќинство со пет и повеќе членови.

Списоците за категориите домаќинство со три и домаќинство со четири члена се финални, додека за преостанатите е нагласено дека конечните списоци ќе бидат објавени наскоро.

Во продолжение можете да ги погледнете сите:

Категорија самец

Категорија домаќинство со два члена

Категорија домаќинство со три члена (финален)

Категорија домаќинство со четири члена (финален)

Категорија домаќинство со пет члена и повеќе

Самците и домаќинствата со два или три члена ќе добијат финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошената електрична енергија во износ од 600 денари месечно, додека на домаќинствата со четири, пет или повеќе членови ќе им биде помогнато со 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.