Оглас за вработување во ДБ Шенкер Македонија

Оглас за вработување во ДБ Шенкер Македонија

Овде си, за да придвижиш:
како Референт за организација на авионски транспорт
ДБ Шенкер Македонија, централа

ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.

Работно место: Референт за организација на авионски транспорт (во рамки на одделението за авионски транспорт, локација- Меѓународен Аеродром-Скопје)

Вашите задачи:
- Комплетна организација на авио транспорт – од давање на понуда, преку координирање и комуникација со субјектите поврзани во транспортот, до издавање на фактура
- Активна соработка и комуникација со колегите (локално и глобално) при извршување на планираните активности
- Одговорно водење и следење на авио пратките,и редовно известување на клиентите
- Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари – исто така и за потенцијални клиенти
- Согледување/Истражување на пазарот и конкурентите
- Активен придонес во резултатите на одделението преку давање на мерки за подобрување, како и проширување на портфолиото на клиенти

Вашиот профил:
- Работно искуство во организација на авио транспорт од најмалку 1 година.
солидно познавање на правилата и процесите за организација на авио транспорт и познавање на пазарот
- Диплома за завршено високо образование
- Поседување на возачка дозвола Б категорија
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот

Вашите способности:
- добри комуникациски вештини
- тимски ориентирана личност
- силна посветеност на работата
- желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
- желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
- одговорност, организираност

Нашата понуда:
- организиран превоз до/од работа
- привлечна плата и бенефиции
- можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
- обуки за развој
- одлична работна средина и тим за работа

Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија и останати референци, на E-mail: elena.minova@dbschenker.com, Краен рок за пријавување: 05.07.2019.

Ве молиме забележете дека:
- со испраќање на Вашата апликација истовремено давате согласност за употреба на Вашите лични податоци содржани во апликацијата
- ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови.

https://www.dbschenker.com/mk-mk