Проф. д-р Коле Василевски, кандидат за ректор: Не можам да бидам мирен додека универзитетите од земјите околу нас одат напред

Проф. д-р Коле Василевски, кандидат за ректор: Не можам да бидам мирен додека универзитетите од земјите околу нас одат напред

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска/srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Лектор: Ивана Кузманоска

Проф.д-р Коле Василевски, кандидат за ректор: Не можам да бидам мирен додека универзитетите од земјите околу нас одат напред


Како наставник, имам желба УКИМ да биде во првите 500 на Шангајската листа. Оваа цел е јасно потенцирана во мојата програма за работа на ректорот за мандатниот период 2020-2023 година, а истата може да се постигне единствено преку учество во меѓународни проекти од интер и мултидисциплинарен карактер, со поголема размена на наставници на престижни универзитети како и со финансирање на истражувања кои ќе се објават во релевантни списанија со фактор на влијание – вели проф.д-р Коле Василевски, кој е кандидат за ректор на УКИМ.
Василевски е редовен професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје од 2007 година. На овој факултет бил и продекан и декан. Бил проректор за наука и за финансии, инвестиции и развој на УКИМ. Автор е на повеќе научни трудови.

 Добитник е на наградата за наука „Гоце Делчев“ за 2016 година.

Што прво ќе направите на УКИМ ако Ве изберат за ректор?

-Можноста да се биде ректор на најстариот и најпрестижен универзитет во државата е вистински предизвик и ми претставува чест што можам моите ставови и искуство да ги понудам на целокупниот наставно-научен кадар на УКИМ, во насока на подобрување на наставниот процес и квалитетот на високото образование.
Доколку ја добијам поддршката од наставно-научниот кадар од сите единици и бидам избран за ректор на УКИМ, моите први активности ќе бидат во неколку насоки: анализа на постојните наставни програми и утврдување на недостатоците на сегашниот ЕКТС-систем како предуслов за подготовка на современи наставни програми (согласно програмите на најдобро рангираните универзитети во светот), со цел да се запишат учениците и студентите со најдобар успех и со цел да се запре одлевањето на млади талентирани лица од државата; интензивирање на соработката со странските престижни универзитети, со другите универзитети на национално ниво, со реалната економија и стопанските комори во државата; ангажман во насока на обезбедување средства за зголемување на платите на наставно-научниот кадар и остварување плата од 60.000 денари за редовните професори; вработување на млади кадри и планско решавање на кадровската екипираност на факултетите со цел да се задржи континуитетот на наставниот процес и квалитетот на високото образование; транспарентно и функционално искористување на интегративните средства на УКИМ и обезбедување на финансиска поддршка за наставно-научниот кадар при објавување на научни статии во престижни меѓународни списанија и зборници на трудови; ангажман за поголема координација на единиците и поголема ефикасност на администрацијата на УКИМ заради непречено функционирање на тековните активности.

Колку за илустрација, во моментот се потребни стотина асистенти на единиците на УКИМ и за тоа државата треба да покаже разбирање и поддршка, што ќе значи задржување на младите талентирани кадри кои на долгорочен план ќе придонесат за обезбедување на поквалитетен кадар и поголем економски раст.

Имаме нов Закон за високо образование, кој беше најавуван на голема врата дека е во насока на враќање на автономијата на УКИМ, и негов развој. Колку според Вас, овој Закон му помогна, а колку го забави напредокот на УКИМ?


-Со новиот Закон за првпат во нашата историја се овозможи избор на ректор на непосредни демократски избори со изјаснување на целиот наставен и научен кадар Универзитетот. Резултат на тоа се седум пријавени кандидати. Намалувањето на мандатот од четири на три години ќе предизвика поголем и подинамичен ангажман на новоизбраниот ректор за да го заслужи вториот мандат. Изборот на претседател на Сенатот, всушност, е во интерес на професорите, затоа што претседателот и Сенатот се директен контролор и коректор на работата на ректорот. Овој Закон овозможи примање асистенти со магистратура, за разлика од претходниот во кој се бараше докторат. На овој начин отпочна процес на подмладување на универзитетскиот кадар и, верувам, помал одлив на најдобрите студенти од државата. Секој нов закон треба да биде подобар од претходниот, само треба прво да се имплементира и целосно да заживее. Нашите професори се вклучени во изготвувањето на многу законски решенија. Почитувањето на законите значи почитување на знаењето и трудот на нашите колеги.

На сите светски ранг-листи секоја година УКИМ оди сѐ подолу и подолу. Ако Ве изберат за ректор, што ќе преземете за да се смени оваа состојба?

-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е дел од мојот секојдневен живот и затоа не можам да бидам мирен додека универзитетите од земјите кои нѐ опкружуваат одат напред. Токму тоа, поткрепено со моето долгогодишно искуство како професор, декан и во два мандата проректор на Универзитетот, се главен мотив за мојата кандидатура за ректор на најстариот универзитет во нашата држава.
Како наставник имам желба УКИМ да биде во првите 500 на Шангајската листа. Оваа цел е јасно потенцирана во мојата програма за работа на ректорот за мандатниот период 2020-2023 година, а истата може да се постигне единствено преку учество во меѓународни проекти од интер и мултидисциплинарен карактер, со поголема размена на наставници на престижни универзитети како и со финансирање на истражувања кои ќе се објават во релевантни списанија со фактор на влијание.
Доколку моите програма и кандидату ги добијат поддршката од целокупниот наставно-научен кадар на УКИМ и бидам избран за ректор, ќе се заложам да се направи една длабока анализа на постојните наставни програми, да се утврдат потребите на стопанството во нашата држава, да се таргетираат недостатоците на сегашниот ЕКТС-систем и да се изготват современи наставни програми, согласно програмите на најдобро рангираните универзитети во светот, кои ќе се задржат еден подолг временски период. Исто така, ќе се залагам и за склучување договори за соработка на УКИМ со познати светски универзитети на кои нашите професори од УКИМ ќе имаат можност да престојуваат и да се усовршуваат.

Со години наназад науката е ставка за која се извојува очаен дел од буџетот. Каква трансформација на ова поле предлагате?

-Овој факт е веќе добро познат и во пошироката јавност и, за жал, се провлекува веќе подолг период наназад. Уште повеќе, од денешна перспектива, не можам да кажам дека има иницијатива за подобрување на буџетската поддршка за науката.
Единствен начин за надминување на ваквата состојба е да се обезбеди економска независност на Универзитетот, неговите единици и целокупниот наставнонаучен и соработнички кадар преку остварување на соработки со странски престижни универзитети, со реалната економија и стопанските комори во државата и преку меѓународни фондови за развој на науката.

Доколку бидам избран за ректор на УКИМ, најнапред ќе се заложам за прилагодување на актуелните студиски програми согласно потребите на стопанството и пазарот на трудот, со цел да понудиме студиски програми кои ќе одговараат на модерното време во кое живееме и потребите на општеството. Ваквите програми ќе придонесат за зголемување на интересот кај младите лица, идните академски граѓани, запирање на одлевањето на млади талентирани лица од својата држава и остварување долгорочен придонес за поголем економски раст и зголемен бруто домашен производ. За студентите со просек над 9,00 ќе бидат обезбедени бесплатни докторски студии и шестмесечен престој во странство за доусовршување.

Понатаму, ќе воведам поголема транспарентност во трошењето на средствата и носењето на одлуки од витален интерес на Универзитетот и ќе направам правилна распределба на средствата од заедничкиот фонд (интегративните средства). Наставно-научниот кадар на УКИМ ќе добива финансиска поддршка за објавување на научни статии во престижни меѓународни списанија и зборници на трудови, а ќе работам и на воспоставување на механизам за финансирање од УКИМ на проекти, монографии, книги и зборници кои се од национално значење и се во правец на афирмација на македонскиот јазик, македонската култура и македонската историја. Во моите активности ќе се стремам за стимулација на наставно-научниот кадар на Универзитетот за вклучување во што е можно поголем број проекти од национален и меѓународен карактер, како и за опремување најсовремени лаборатории за техничките, медицинските, природните и општествените науки за поефикасна реализација на проектните и наставните активности.

Факултети.мк ќе објави интервјуа со кандидатите за ректор на УКИМ


Како наставник, имам желба УКИМ да биде во првите 500 на Шангајската листа. Оваа цел е јасно потенцирана во мојата програма за работа на ректорот за мандатниот период 2020-2023 година, а може да се постигне единствено преку учество во меѓународни проекти од интер и мултидисциплинарен карактер, со поголема размена на наставници на престижни универзитети, како и со финансирање на истражувања кои ќе се објават во релевантни списанија со фактор на влијание - вели проф. д-р Коле Василевски, кој е кандидат за ректор на УКИМ.


проф.д-р Коле Василевски



Василевски е редовен професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје од 2007 година. На овој факултет бил и продекан и декан. Бил проректор за наука и за финансии, инвестиции и развој на УКИМ. Автор е на повеќе научни трудови. Добитник е на наградата за наука „Гоце Делчев“ за 2016 година.


Што прво ќе направите на УКИМ ако Ве изберат за ректор?


- Можноста да се биде ректор на најстариот и најпрестижен универзитет во државата е вистински предизвик и ми претставува чест што можам моите ставови и искуство да ги понудам на целокупниот наставно-научен кадар на УКИМ, во насока на подобрување на наставниот процес и квалитетот на високото образование.


Доколку ја добијам поддршката од наставно-научниот кадар од сите единици и бидам избран за ректор на УКИМ, моите први активности ќе бидат во неколку насоки: анализа на постојните наставни програми и утврдување на недостатоците на сегашниот ЕКТС-систем како предуслов за подготовка на современи наставни програми (согласно програмите на најдобро рангираните универзитети во светот), со цел да се запишат учениците и студентите со најдобар успех и со цел да се запре одлевањето на млади талентирани лица од државата; интензивирање на соработката со странските престижни универзитети, со другите универзитети на национално ниво, со реалната економија и стопанските комори во државата; ангажман во насока на обезбедување средства за зголемување на платите на наставно-научниот кадар и остварување плата од 60.000 денари за редовните професори; вработување на млади кадри и планско решавање на кадровската екипираност на факултетите со цел да се задржи континуитетот на наставниот процес и квалитетот на високото образование; транспарентно и функционално искористување на интегративните средства на УКИМ и обезбедување финансиска поддршка за наставно-научниот кадар при објавување научни статии во престижни меѓународни списанија и зборници на трудови; ангажман за поголема координација на единиците и поголема ефикасност на администрацијата на УКИМ заради непречено функционирање на тековните активности.




Колку за илустрација, во моментот се потребни стотина асистенти на единиците на УКИМ и за тоа државата треба да покаже разбирање и поддршка, што ќе значи задржување на младите талентирани кадри кои на долгорочен план ќе придонесат за обезбедување поквалитетен кадар и поголем економски раст.



Имаме нов Закон за високо образование, кој беше најавуван на голема врата дека е во насока на враќање на автономијата на УКИМ, и негов развој. Колку, според Вас, овој Закон му помогна, а колку го забави напредокот на УКИМ?


- Со новиот Закон првпат во нашата историја се овозможи избор на ректор на непосредни демократски избори со изјаснување на целиот наставен и научен кадар на универзитетот. Резултат на тоа се седум пријавени кандидати. Намалувањето на мандатот од четири на три години ќе предизвика поголем и подинамичен ангажман на новоизбраниот ректор за да го заслужи вториот мандат. Изборот на претседател на Сенатот, всушност, е во интерес на професорите затоа што претседателот и Сенатот се директен контролор и коректор на работата на ректорот. Овој Закон овозможи примање асистенти со магистратура, за разлика од претходниот во кој се бараше докторат. На овој начин отпочна процес на подмладување на универзитетскиот кадар и, верувам, помал одлив на најдобрите студенти од државата. Секој нов закон треба да биде подобар од претходниот, само треба прво да се имплементира и целосно да заживее. Нашите професори се вклучени во изготвувањето на многу законски решенија. Почитувањето на законите значи почитување на знаењето и трудот на нашите колеги.


На сите светски ранг-листи секоја година УКИМ оди сѐ подолу и подолу. Ако Ве изберат за ректор, што ќе преземете за да се смени оваа состојба?


- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е дел од мојот секојдневен живот и затоа не можам да бидам мирен додека универзитетите од земјите што нѐ опкружуваат одат напред. Токму тоа, поткрепено со моето долгогодишно искуство како професор, декан и во два мандата проректор на универзитетот, е главен мотив за мојата кандидатура за ректор на најстариот универзитет во нашата држава.


Како наставник имам желба УКИМ да биде во првите 500 на Шангајската листа. Оваа цел е јасно потенцирана во мојата програма за работа на ректорот за мандатниот период 2020-2023 година, а може да се постигне единствено преку учество во меѓународни проекти од интер и мултидисциплинарен карактер, со поголема размена на наставници на престижни универзитети, како и со финансирање на истражувања кои ќе се објават во релевантни списанија со фактор на влијание.


Доколку моите програма и кандидатура ја добијат поддршката од целокупниот наставно-научен кадар на УКИМ и бидам избран за ректор, ќе се заложам да се направи една длабока анализа на постојните наставни програми, да се утврдат потребите на стопанството во нашата држава, да се таргетираат недостатоците на сегашниот ЕКТС-систем и да се изготват современи наставни програми, согласно програмите на најдобро рангираните универзитети во светот, кои ќе се задржат еден подолг временски период. Исто така, ќе се залагам и за склучување договори за соработка на УКИМ со познати светски универзитети на кои нашите професори од УКИМ ќе имаат можност да престојуваат и да се усовршуваат.



Со години наназад науката е ставка за која се извојува очаен дел од буџетот. Каква трансформација на ова поле предлагате?


- Овој факт е веќе добро познат и во пошироката јавност и, за жал, се провлекува веќе подолг период наназад. Уште повеќе, од денешна перспектива, не можам да кажам дека има иницијатива за подобрување на буџетската поддршка за науката.


Единствен начин за надминување на ваквата состојба е да се обезбеди економска независност на универзитетот, неговите единици и целокупниот наставно-научен и соработнички кадар преку остварување соработки со странски престижни универзитети, со реалната економија и стопанските комори во државата и преку меѓународни фондови за развој на науката.


Доколку бидам избран за ректор на УКИМ, најнапред ќе се заложам за приспособување на актуелните студиски програми согласно потребите на стопанството и пазарот на трудот, со цел да понудиме студиски програми кои ќе одговараат на модерното време во кое живееме и потребите на општеството. Ваквите програми ќе придонесат за зголемување на интересот кај младите лица, идните академски граѓани, за запирање на одлевањето на млади талентирани лица од својата држава и остварување долгорочен придонес за поголем економски раст и зголемен бруто-домашен производ. За студентите со просек над 9,00 ќе бидат обезбедени бесплатни докторски студии и шестмесечен престој во странство за доусовршување.


Понатаму, ќе воведам поголема транспарентност во трошењето на средствата и носењето одлуки што се од витален интерес на универзитетот и ќе направам правилна распределба на средствата од заедничкиот фонд (интегративните средства). Наставно-научниот кадар на УКИМ ќе добива финансиска поддршка за објавување научни статии во престижни меѓународни списанија и зборници на трудови, а ќе работам и на воспоставување механизам за финансирање на УКИМ од проекти, монографии, книги и зборници кои се од национално значење и се во правец на афирмација на македонскиот јазик, македонската култура и македонската историја. Во моите активности ќе се стремам за стимулација на наставно-научниот кадар на универзитетот за вклучување во што е можно поголем број проекти од национален и меѓународен карактер, како и за опремување најсовремени лаборатории за техничките, медицинските, природните и општествените науки за поефикасна реализација на проектните и наставните активности.

Фото: Борче Поповски