Почина актерот Ванчо Петрушевски

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Ванчо Петрушевски, еден од доајените на македонската глума, почина денеска на 67-годишна возраст. Струен удар е причина за смртта на големиот актер, за пошироката публика незаборавен по улогата на Рамче, дознава Факултети.мк.

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година, се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде што неговиот раскошен талент го истакнал уште во првата претстава „Ослободување на Скопје“. Тој учествуваше во голем број радиодрамски проекти, телевизиски драми, серии и слично и зад себе остави големо наследство. Петрушевски беше еден од најпрепознатливите глумци на нашата сцена, кој беше неуморлив и по пензионирањето.

Од „Пресуда“, преку „Диво месо“, па сѐ до „Солунски патрдии“, „Среќна Нова '49“, „Опстанок“, „Хихирику“, „Погрешно време“, Македонските народни приказни и многу други проекти, Ванчо Петрушевски со секоја нова улога одново и одново ја освојуваше публика. За својата неуморност тој има добиено и голем број награди.

Почивај во мир, голем актеру!

Фото: МНТ