„Јутјуб“ укинува една опција

„Јутјуб“ укинува една опција

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Од средината на септември „Јутјуб“ го укинува допишувањето преку системот за директни пораки. Тоа во превод значи дека платформата ќе ја укине можноста корисниците да се допишуваат, што беше овозможено од крајот на 2017 година.

Дали сте се допишувале со други луѓе преку „Јутјуб“? Ни ние.

Затоа „Јутјуб“ го укинува системот, кој од 18 септември ќе биде „погребан“ на дигиталните гробишта меѓу дури и многу поуспешните опции на разни други мрежи и апликации. Ако поради некое чудо сте се допишувале преку „Јутјуб“ и сакате да зачувате некои пораки, копирајте ги во некој текстуален фајл бидејќи имате уште време пред „Јутјуб“ да ги избрише засекогаш.