Научници сакаат да лансираат сателити од балони на пареа

Научници сакаат да лансираат сателити од балони на пареа

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците работат на нов евтин и ефикасен начин за лансирање сателити во вселената.

Наместо да се лансираат ракети од земјата, тим од финскиот Институт за метеорологија истражува дали сателитите би можеле да се кренат во орбитата преку балони на пареа и да бидат лансирани оттаму.  Иако идејата сè уште не е тестирана, компјутерските симулации посочуваат дека овие лансирања од балони на пареа би можеле да го променат начинот на кој научниците ја праќаат опремата во орбитата.

Идејата за лансирање сателит со балон не е нова. Но, минатите предлози вклучуваа балони полни со водород или хелиум, кои се поскапи од пареата, а водородот е и потенцијално покобен со оглед на тоа колку лесно се пали.

Замената на тие гасови со пареа би требало (ако им се верува на компјутерските симулации) да овозможи лесно патување до далечните делови од атмосферата, пред ракетата да биде лансирана од алтитуда многу поблиска до орбитата. Штом еднаш ќе слета, балонот ќе биде подготвен да се користи одново и нема да бидат потребни ракетни горива кои се штетни за околината.