Жал ни е Илон, тераформирањето на Марс би чинело 3.500 нуклеарни бомби на ден

Жал ни е Илон, тераформирањето на Марс би чинело 3.500 нуклеарни бомби на ден

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Илон Маск се навраќа на својот предлог од 2015 година за тераформирање на Марс преку бомбардирање со нуклеарни бомби на неговите полови.

И тогаш идејата беше научно дискутабилна. Според едно истражување, планот на Маск само ќе го зголеми атмосферскиот притисок на Марс за 7 отсто. Сега математичарот Робер Вокер калкулира дека ако сакаме да го направиме Марс погоден за живеење преку нуклеарни експлозии, ќе треба да испратиме доволно бомби за да можеме да детонираме по 3.500 бомби секој ден во период од околу 7 недели. Ова се лоши вести за амбициозните планови за тераформирање на Маск.

Вокер ги базира аргументите на разјаснувањето на Маск дека сака да создаде мини-сонца во близина на ледените покривки на Марс преку нуклеарни експлозии. Како што пишува Вокер, најсветлиот дел од нуклеарна експлозија трае околу 50 секунди.

Ако се обидеме да ги стопиме ледените покривки на Марс со вештачки сонца засновани на нуклеарни бомби, тоа би значело изградба, лансирање и детонирање на 1.728 бомби за секој пол секој ден, и тоа би значело вкупно 3.456 бомби секој ден. Тоа е речиси двојно повеќе од целиот моментален арсенал на САД.

А има и друг мал проблем - процесот веројатно ќе го претвори Марс во нуклеарна депонија која никогаш не ќе може да се насели поради радијацијата.

Фото: Freepik