Добил отказ зашто ги почестил колегите со колачи - судот му додели отштета од 105.000 евра
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Понекогаш непромислените постапки на работното место можат да прераснат во вистинска правна драма. Токму тоа му се случило на еден вработен во супермаркетот „Керфур“ во Виго, Шпанија, чија мала роденденска прослава не завршила како што очекувал.
Во октомври 2023 година комерцијален менаџер во истиот супермаркет купил неколку пакувања колачи за да ги почести своите колеги за роденден. Но, касиерката му наплатила само едно од четири пакувања.
Иако не забележал веднаш што се случило, неколку дена подоцна вработениот ја увидел грешката и ја доплатил разликата. Сепак, тоа не ги спречило неговите претпоставени да му дадат отказ.
Забрана за јадење на работното место
Компанијата тврдела дека не се работи за обична човечка грешка при наплатата, туку дека вработениот знаел оти е забрането јадење во работно време. Така, колачите станале причина поради која двете страни завршиле на суд.
Но, Вишиот суд во Виго оценил дека реакцијата на фирмата била непропорционална и го прогласил отказот за неправилен.
Сега „Карфур“ ќе мора да го обесштети вработениот со над 105.000 евра.
Извор:
Kurir.rs
Фото: Freepik