Корисниците на Vibe On картичката добиваат попусти кај повеќе од 300 партнери во „Твој Шпаркасе круг“
Кафе со друштво, нови патики за тренинг, викенд-патување, омилен парфем или нешто ново за дома. Mесечниот буџет лесно се троши на сите мали и големи нешта што го сочинуваат секојдневието. Но, што ако при сите тие купувања можеш да платиш помалку, без купони, собирање поени или дополнителни апликации?
Ако си корисник на портокаловата Vibe On картичка или на која било друга дебитна или кредитна картичка од Шпаркасе Банка, веќе имаш пристап до многубројни попусти и поволности преку платформата
„Твој Шпаркасе круг“.
Тоа значи дека картичката што секојдневно ја користиш за плаќање, може истовремено да ти помогне подобро да го организираш буџетот и да добиеш повеќе за парите што и онака си планирал да ги потрошиш.
Во
„Твој Шпаркасе круг“ се вклучени
повеќе од 300 партнери од различни категории што одговараат на реалните потреби и интереси на младите. Можеш да најдеш поволности за храна и угостителство, за мода, модни додатоци и подароци, за патувања, убавина и нега, за спорт и рекреација, спортска опрема, едукација и здравје, производи и услуги за миленици, за автомобили и велосипеди, за дом и мебел.
Со други зборови, попуст може да те чека при следното кафе, ручек, тренинг, купување облека, подготовка за патување или вложување во нов курс и личен развој.
Користењето на поволностите е едноставно и не бара дополнителна регистрација или сложена постапка.
Најпрво, избери партнер од платформата
„Твој Шпаркасе круг“. Кога ќе посетиш продажно место означено со „Твој Шпаркасе круг“, извести го персоналот дека сакаш да ја искористиш достапната поволност (
важно е тоа да го направиш пред плаќањето).
Потоа, плати со твојата дебитна или кредитна картичка од Шпаркасе Банка. Доколку користиш Visa картичка, плаќањето можеш да го извршиш и преку Google Pay. Попустот или ексклузивната понуда се применуваат веднаш, директно при купувањето.
Мала промена во плаќањето, поголема вредност за тебе
Затоа, пред следното купување, провери дали продажното место е дел од
„Твој Шпаркасе круг“. Побарај ја поволноста пред да платиш, употреби ја својата Шпаркасе картичка и добиј повеќе вредност од буџетот што го имаш.
Бидејќи кога попустите се дел од твоето секојдневие, не мора да купуваш повеќе за да добиеш повеќе. Потребно е само да купуваш попаметно.
(Комерцијална објава)