Работел 40 години во Германија и откри колкава му е пензијата: Многумина се прашуваат дали вреди да ‘рмбаш во туѓина за тие пари

Работел 40 години во Германија и откри колкава му е пензијата: Многумина се прашуваат дали вреди да ‘рмбаш во туѓина за тие пари

Последниве години сè повеќе луѓе од Балканот одлучуваат да го напуштат својот дом и да побараат подобра иднина надвор од границите на сопствената земја. Заминувањето за многумина стана речиси вообичаен животен пат, а меѓу најчестите причини се наведуваат поголемите плати, посигурните работни услови и желбата за стабилна егзистенција.

Во таа потрага по нов почеток посебно се истакна Германија. За голем број луѓе од Балканот таа со децении претставуваше земја на можности, место на кое со напорна работа може да се обезбеди подобар живот, да се купи недвижност, да се заштедат пари и да се создаде посигурна иднина.

Но, како што минува времето, меѓу иселениците сè почесто се поставува прашањето кое отвора многу поширока расправа: дали долгорочно животот и работата во странство навистина се исплатат онолку колку што се очекувало пред заминувањето? Токму таква расправа покрена еден член на популарната фејсбук-група „Балканци во Германија“, кој постави кратко, но провокативно прашање за вредноста на повеќедецениската работа во Германија и пензијата која на крајот би изнесувала 1.100 евра.

- Работиш 40 години во Германија, чекаш да наполниш 67 години и потоа добиваш пензија од 1.100 евра... Вреди ли тоа, да си го кршиш грбот во туѓина? - праша тој. Неговата објава набрзо предизвика многу реакции, а коментарите покажаа колку се различни искуствата на луѓето кои заминале од Балканот.

„Во Германија барем имаш можност нешто да заштедиш“

Една корисничка смета дека вредноста на работата во Германија не може да се набљудува само низ износот на пензијата што некој ќе ја прима по завршувањето на работниот век. Како што истакна таа, важна е и можноста за штедење во текот на децениите поминати на работа.

- И да е така, имаш можност да заштедиш во текот на тие години. На Балканот не само што не можеш ништо да заштедиш, туку земаш кредити за да преживееш. И на крајот добиваш бедна пензија - напиша таа.
Сличен став изнесе и друг корисник, кој ја спореди тежината на работата во странство со условите во земјите од кои многумина се иселиле.

- Работиш и дома за 400 евра, а потоа едвај сврзуваш крај со крај - порача тој. Со други зборови, дел од учесниците сметаат дека физички тешката работа не е проблем што постои само во Германија. Разликата е, според нивните искуства и мислења, во можноста во текот на работниот век да се заработи доволно за посигурна иднина.

Многумина парите од Германија ги вложувале во недвижности на Балканот

Една корисничка го истакна она што го смета за клучна разлика меѓу работата во Германија и работата во земјите од кои многумина се иселиле. Според неа, многу луѓе кои со децении работеле во Германија и успеале во текот на тој период да го решат станбеното прашање или да стекнат недвижност во својата татковина.

- Сите ние работејќи во Германија се обезбедивме со куќи и станови на Балканот, така што, искрено, во таа пензија уживаш како крал, ако ја дочекаш - напиша таа.

Таквиот поглед на животот во странство го делат и други членови на групата. Според нивното мислење, пензијата од 1.100 евра може да биде недоволна за живот во Германија, но нејзината вредност може да изгледа сосема поинаку доколку лицето по пензионирањето се врати во својата земја.

- Вреди кога ќе заминеш во пензија, да се вратиш во својата земја, инаку со 1.100 евра во Германија имаш само за леб и сол - напиша еден корисник.

Извор: бука
Фото: magnific