Оглас за платена пракса во Таргет Груп ДОО Скопје

Оглас за платена пракса во Таргет Груп ДОО Скопје

Друштво за трговија и услуги Таргет Груп ДОО Скопје го проширува својот тим со нов практикант кој би учествувал во работните процеси на компанијата.

Во текот на изведбата на праксата, практикантот ќе има можност:

-    Да се запознае со платформата за деловни информации – БизнисМрежа.мк (www.biznismreza.mk);
-    Да спроведува анализи за потребите на компанијата и да прави евалуација на добиените резултати;
-    Да учествува во подготовката на Newsletter кој Таргет Груп ДОО Скопје ќе го објавува на месечно ниво;
-    Да стекне работно искуство.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:
-    Да се студенти или дипломирани на Економски факултет, на еден од следните смерови: маркетинг, менаџмент или е-бизнис;
-    Да имаат добро познавање на англиски јазик;
-    Да имаат добро познавање на MS Office;
-    Да можат да ја извршуваат праксата од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

Праксата ќе започне во месец октомври со времетраење од 1 (еден) до 3 (три) месеци, со можност за нејзино продолжување како и вработување на практикантот во зависност од покажаните резултати.

Избраниот кандидат ќе добие однапред утврден месечен надомест за спроведената пракса.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија, со назив “ПРАКСА” на следнава е-пошта: praksa@targetgroup.mk  најдоцна до 02.10.2018 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани.