Вработување во М-НАВ...Нето плата 41.273 денари
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи пречистен текст Сп. весникбр. 167/2015 год. ,член 5 и 8 од Колективниот договор на „МНАВ" АД Скопје, Правилникот за систематизација на работни места во „МНАВ" АД Скопје, и добиената Согласност од Министерството за финансии на РМ бр. 1 8-1 1 1 84/2 од 2 1. 9. 201 8 год. „МНАВ" АД Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос
За потребата од вработување на работник на неопределено работно време за следното работно место;
1 Советаик за воздухопловна техника во Секторот за воздухопловна техника - 1 (еден) извршител
Кандидатите покрај пријавата за вработување и кратката биографија (CV), потребно е за исполнување на општите условида ги достават следните документи
извод од матична книга на родените;
уверение за државјанство;
потврда од казнена евиденција издадена од надлежен суд;
уверение од кривична евиденција издадена од надлежен суд.
Горенаведената документација треба да се достави во оригинал или копија заверена на нотар.
Покрај општите услови кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови
Кандидатите за работно место Советник за воздухопловна техника во Секторот за воздухопловна техника треба да имаат завршено ВСС VII/1 (седми) степен или најмалку 240 кредити според ЕКТС Факултет за Електротехника од областа на Автоматика. Потребно е да има најмалку 2 (две) години работно искуство во струката. Кандидатот треба да достави диплома или уверение за завршен факултет и доказ за работно искуство (органал или копија заверена на нотар).
Исто така треба да има и други професионални квалификации, способности и вештини, лични квалитети a особено: активно познавање на англиски јазик и владеење на посебни вештини - работа на компјутери.
Работни часови во текот на неделата е 40 и работното време се организира во смени.
Основна нето плата за кандидатот изнесува: 41.273,00 денари.
Документите да се достават во оригинал или копија заверена на нотар, во просториите на "МНАВ" АД Скопје на адресаУл. Македонија бр. 25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје. Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Огласот трае 5 работни денови, од денот од неговото објавување во jавните гласила.
Изборот ќе биде извршен во рокод 8 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидати.
„МНАВ" АД Скопје