Мак Аутостар вработува сервисни советници

Мак Аутостар вработува сервисни советници

Нашата компанија е во потрага по нов член кој треба да му се придружи на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:

2 ЛИЦА, СЕРВИСНИ СОВЕТНИЦИ - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ ВО СЕРВИС

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ


- Дипломиран машински инженер (насока моторни возила се смета за предност)

- Техничко познавање на работата на системите во возилата

- Практично искуство во комуникација со клиенти

- Англиски јазик, напредно ниво

- Германски јазик, се смета за предност

- Возачка дозвола Б категорија, задолжително

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

- Дефинирање обем на работа и контрола на сервисирање

- Креирање и водење на целокупна документација за сервисирањето

- Обезбедување техничка помош на механичарите

ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА


- Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати

- Напредна работна средина и функционален тим на професионалци

- Можност за самостојност, иницијативност и креативност

- Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк


Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на office@makautostar.com.mk, со назнака за работно место „Сервисни советници – машински инженери во сервис“, заклучно со 9.10.2023г.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Fuso, Mobil, овластен сервисер на Mitsubishi Motors и сопственик на брендот Premium Used наменет за користени возила, како и на Premium деловниот центар.