Првото скенирање на мозокот на пациент кој умира ја открива последната мисла пред смртта
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Едно од вечните прашања на кои никој не може да даде конкретен одговор е што се случува кога ќе умреме?
Група научници се убедени дека ги знаат последните мисли на една личност пред смртта.
Научниците во Ванкувер, Канада, го анализирале мозокот на 87-годишен пациент кој боледувал од епилепсија, но за време на истражувањето неочекувано починал од срцев удар.
Користејќи ги резултатите од ЕЕГ (електроенцефалограм) тестирањето, тие можеле да ги утврдат активноста и процесите на мозокот во неговите последни моменти, особено 30 секунди пред и откако неговото срце престанало да чука.
Верувањето дека цел живот ни поминува пред очи пред самата смрт би можело да биде точно по откривањето зголемување на гама-осцилации.
„Гама осцилациите“ се поврзани со враќањето на спомените и сонот, што укажува на тоа дека пациентот ги преживеал искуствата од минатото пред да умре.
- Преку генерирање на осцилациите вклучени во враќањето на меморијата, мозокот може да го има последното потсетување на важни животни настани непосредно пред нашата смрт, слична на оние забележани во блиски искуства со смртта - вели д-р Ајмал Земар, водечки автор на истражувањето.
Истражувањето покажало слични промени во мозочните бранови меѓу стаорци во моментот на смртта, но ова е првпат да се открие кај луѓето.
- Нешто што би можеле да научиме од ова истражување е: ако нашите сакани ги затворат очите и се подготвени да го напуштат овој свет, нивниот мозок можеби повторува некои од најубавите моменти што ги доживеале во нивните животи - вели д-р Земар.
Студијата можете да ја прочитате
ТУКА.
Извор:
Nova.rs
Фото: Frontiers in Ageing Neuroscience