Мојата ќерка доживеа големи трауми - развод и сообраќајна несреќа. Дали да почекаме да заздрави или веднаш да почне да работи со психолог?

Мојата ќерка доживеа големи трауми - развод и сообраќајна несреќа. Дали да почекаме да заздрави или веднаш да почне да работи со психолог?

Моето девојче има 6 години, а изминативе месеци ни беа доста стресен период… развод. Додека траеше постапката за развод, детето поминуваше низ тешки манипулации и закани, па за жал една од заканите се претвори во „реалност“ – доживеа сообраќајна несреќа со телесни повреди. За време на несреќата била свесна, па сега и при најмала бучава од околината или звук на мотор се соочува со проблеми. Почна и да мокри в кревет навечер додека спие. Често сонува и знае да плаче во сон. Забележувам и промена во комуникацијата, помалку е зборлива, игнорира кога некој ќе ја праша нешто, не сака да разговара, не се поздравува или е премногу нервозна и не остава никој да ја допре, освен мене и мајка ми. Пред сообраќајката беше весело и зборливо дете полно со љубов, љубопитност и желба за игра. Би сакале да најдеме психолог да работи со нас откако ќе помине периодот на закрепнување на повредите или дали е подобро да се почне порано.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк