„Пиварa Скопје“ го претстави Скопско Weiss – првото македонско пченично пиво

„Пиварa Скопје“ го претстави Скопско Weiss – првото македонско пченично пиво

„Пиварa Скопје“ го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина „Пиварa Скопје“, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис.

Скопско Weiss е создадено со внимателно избрана комбинација од врвен пченичен и јачменов слад, збогатена со хмељ од благородни сорти и суптилни овошни ноти, карактеристични за оваа категорија пива. Се одликува со светла златна боја и богата, кремаста пена, а неговиот вкус е префинето балансиран – со лесна сладост, нежна киселост и едвај забележлива горчина. Благодарение на квалитетните состојки и иновативниот процес на производство, секоја голтка носи чувство на леснотија и освежување, правејќи го идеален избор за секоја пригода.



- Со Скопско Weiss отвораме ново поглавје во развојот на пивската култура во Македонија. Ова не е само нов производ – тоа е израз на нашата визија да ги следиме светските трендови, но и да останеме верни на локалниот дух. Сакаме да им понудиме на потрошувачите пиво кое носи свежина, автентичност и современост, создадено со мајсторство и страст. Веруваме дека Скопско Weiss ќе стане симбол на нови вкусови, нови моменти и нови начини на уживање во пивото – и токму затоа сме горди што токму од „Пивара Скопје“ доаѓа нешто што ги обединува традицијата и иновацијата - изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.



Процесот на создавање на ова прво индустриско пченично пиво во земјава е резултат на посветеност и експертиза, нагласи Александар Бојаџиски, директор на производство на пиво во „Пивара Скопје“.

- За нас во „Пивара Скопје“ ова пиво е и симбол на нашата посветеност кон квалитетот, на нашата желба за иновација и на нашата цел да им понудиме на потрошувачите не само она што веќе го сакаат, туку и нешто ново во кое ќе се вљубат. Покрај традиционалните лагер пива, сакавме да креираме пиво што може да стои рамо до рамо со големите пченични пива во светот, а истовремено да ја носи препознатливата автентичност и квалитет на Скопско. Создавањето на Skopsko Weiss беше патување полно со учење и страст. Пивските мајстори вложија многу труд за да ја најдат вистинската рамнотежа, за да бидеме сигурни дека секоја голтка носи квалитет достоен за Скопско, но и отвора врата кон нов свет на вкусови. Лично, многу сум горд на она што го постигнавме заедно - рече Бојаџиски.



- Скопско Weiss е создадено како одговор на сè поголемата желба на потрошувачите за автентични вкусови и локален карактер. Во момент кога пивската сцена во земјата бележи раст, почувствувавме вистинска потреба да понудиме пиво кое ги спојува традицијата и мајсторството, со свежата енергија на новите генерации. Ова пиво е наменето за искусните пивопијци – оние што го доживуваат пивото како ритуал и уживаат во богатството на категоријата, но и за младите возрасни потрошувачи кои бараат новитети, нешто што им отвора нова перспектива и им овозможува да бидат дел од трендовите. Со ова пиво не само што го збогатуваме пазарот со нов избор, туку и активно придонесуваме за развојот на пивската култура во земјава, мотивирајќи ги луѓето да истражуваат, дегустираат и уживаат во пивото на еден нов начин - изјави Марта Завкова, менаџерка за маркетинг на пиво во „Пивара Скопје“.



Скопско Weiss ќе биде достапно во пакување од 0,5 л во стаклена амбалажа и лименка, како и точено во низа ресторани и кафулиња низ целата земја.



(Комерцијална објава)