Прогласени најдобрите авиокомпании во светот за оваа година

Прогласени најдобрите авиокомпании во светот за оваа година

Најдобрите авиокомпании во светот за 2026 година беа прогласени на доделувањето на Светските авионски награди 2026, а на самиот врв дојде до промена.

„Сингапур ерлајнс“ го зазеде првото место, надминувајќи го минатогодишниот победник „Катар ервејс“.

Резултатите беа објавени на 18 септември на доделувањето на Светските авионски награди на „Скајтракс“ во Лондон, а „Сингапур ерлајнс“ ја освои титулата по шести пат. „Катеј пасифик“ од Хонгконг се најде на 3. место, додека „АНА ол нипон ервејс“ и „Туркиш ерлајнс“ ја заокружија првата петорка.

„Сингапур ерлајнс“ освои и награди за најдобра економска класа во светот и најдобра понуда на храна во економската класа, како и признание за најдобра авиокомпанија во Азија.

Ранг-листата се базира на годишното истражување на компанијата „Скајтракс“ меѓу патниците.

Од септември 2025 до август 2026 година беа собрани повеќе од 24,8 милиони одговори од патници од целиот свет, а со истражувањето беа опфатени повеќе од 300 авиокомпании.

Иако „Сингапур ерлајнс“ ја однесе главната награда, ниту „Катар ервејс“ не остана со празни раце. Оваа компанија освои четири признанија, меѓу кои и титулата за најдобра авиокомпанија во светот во бизнис-класата, и тоа по 13. пат. „Катар ервејс“ беше награден и за најдобар салон за патниците во бизнис-класата и беше прогласен за најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток.

Го освои и првото доделено признание за најдобар безжичен интернет за време на летот.

Најдобрите авиокомпании во светот за 2026 година

„Сингапур ерлајнс“
„Катар ервејс“
„Катеј пасифик ервејс“
„АНА ол нипон ервејс“
„Туркиш ерлајнс“
„Емирати“
„Ер Франс“
„Хаинан ерлајнс“
„Џапан ерлајнс“
„Корејан ер“

Извор: 021.rs
Фото: Magnific