Оглас за вработување во Сорсикс
Претставник за поддршка на клиенти: 1 позиција
Бараме кандидат кој е лојален и само иницијатвен, со кој ќе го прошириме нашиот Sorsix тим. Работата ќе се одвива во канцеларијата во Скопје. Ова е одлична можност за кандидати кои се заинтересирани да работат во динамично и модерно опкружување каде посветуваме големо внимание на развојот на вработените.
За нас:
Преку мапирање на комплексните здравствени процеси, во Sorsix креираме иновативен производ. Нашите клиенти се приватни и јавни даватели на задравствени услуги во Австралија, САД, Ирска, Индија, како и целокупните здравствени системи во Македонија и Србија
Предности да се работи во Sorsix:
Нудиме флексибилно работно време, поттикнуваме баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, нудиме размена на знаење и искуства преку Технички семинари, организираме забавни настани за вработените каде можат да поминат квалитетно време со своите колеги.
Во Sorsix работиме со најдобрите, бидејќи нашиот тим е нашата силна страна. Живееме култура која поддржува долгорочен личен и професионален раст и развој. Ова го обезбедуваме преку грижа за нашите вработени.
Работна средина водена од доверба и транспарентност, во која си веруваме меѓусебно дека ќе го оствариме она за кое сме се договориле.
Веруваме во решавање на проблемите, пред истите да прераснат во кризи. Препознатливи сме по стабилност и можност за предикција при работењето. Решенијата што ги градиме имаат за цел да им помогнат на нашите партнери да бидат конкурентни на пазарот.
Што бараме :
- Српски јазик (мајчин јазик)
- Одлични комуникациски вештини
- Следење на стандардни процедури за работа
- Воспоставување и одржување на ефективна релација со клиентите
Предност ќе имат кандидати со:
- Завршено високо образование
- Искуство во областа на здравство и здравствена заштита
- Работно искуство во IT индустрија (познавање на процес на развој на software, обезбедување квалитет во процес на поддршка на клиенти )
Аплицирај доколку си кандидат кој е:
- Ориентиран кон цели
- Покажува способност за тимска работа
- Високо ниво на вештини за самоуправување
- Ориентиран кон изнаоѓање решенија
Испрати ја твојата професионална биографија на
jobs@sorsix.com со наведување на позицијата
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.