Како изгледала првата електрична гитара

Како изгледала првата електрична гитара

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Имињата Лео Фендер и Лес Пол засекогаш ќе бидат поврзани со бумот на електричната гитара во популарната култура. И со право. Без безвремените дизајни на инженерот Фендер и музичарот и студиски мајстор Пол, тешко е да се замисли како би изгледале најзначајните инструменти од популарната музика.

Иако Фендер и Пол (и компанијата „Гибсон“) ја добиваат целата слава, двајца мажи со исто име – Џорџ, со право треба да добијат голем дел од заслугата за измислувањето на електричната гитара. Првиот, поморскиот офицер Џорџ Брид, има статус во однос на електричната гитара сличен на оној на Леонардо да Винчи во однос на хеликоптерот.

Во 1890 година Брид поднел патент за уникатен дизајн, користејќи ги двата основни елементи што на крајот ќе се најдат во стратокастерите и Лес Пол гитарите - магнет и жици. Но, неговиот дизајн вклучувал и некои многу непрактични кола и барал работа на батерија, што резултирало со мала, но екстремно тешка гитара со неконвенционална техника на свирење, што произведувала исклучително необичен и негитарски звук.

Потоа Џорџ Бошамп, музичар и мајстор од Тексас, смислил дизајн за електрична гитара што работела прекрасно. Првата челична гитара „фрајинг пен хаваијан/Frying Pan Hawaiian“ (во буквален превод: хавајска тава за пржење) сега седи во кутија во музеј и повеќе изгледа како артефакт отколку како инструмент.


Бошамп ја развил гитарата откако бил отпуштен од функцијата генерален директор на Националната корпорација за гудачки инструменти. Потребен за нов проект, тој и друг вработен во Националната корпорација, Пол Барт, почнале да експериментираат со идеите на Брид. Откако изградиле функционален пикап, тие повикале друг вработен во Националната корпорација, да направи дрвен врат и тело за гитарата. За неколку часа, резбајќи со мали рачни алатки, се формирала првата целосно електрична гитара.

Бидејќи му биле потребни пари, производство и дистрибуција, Бошамп склучил договор со производителот на алати Адолф Рикенбакер, кој масовно ја произведувал гитарата под името на компанијата „Слектро Стринг“. Иако новитетот и цената на инструментот за време на Големата депресија ја попречиле продажбата, Бошамп и Рикенбекер сè уште произведувале неколку верзии на „фрајинг пен“ од леан алуминиум, наместо од дрво. Наскоро, гитарата станала интегриран дел од џез-бендови кои свиреле во живо.


Како звучи гитарата? Зачудувачки добро, како што можете сами да чуете во наведените видеа.

Извор: openculture.com

Фото: YouTube screenshot