Комуналци од Виена отвориле продавница за производи од втора рака

Комуналци од Виена отвориле продавница за производи од втора рака

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Освен што е еден од најкомфорните градови за живот, Виена е и еден од „најзелените“ градови во Европа. Но, за да биде тоа така, се ангажираат сите - и жителите и комуналците.

Виенската комунална служба МА 48 отвори продавница за користени производи, техника и гардероба, кои самите жители на Виена ги одделуваат како нешта чиј живот може да биде продолжен.

Во оваа специјална продавница се продава сè по многу поволни цени, а електронските производи имаат и гаранција.

Парите што ќе ги заработат виенските комуналци ги пренасочуваат кон засолниште за животни, па така заеднички функционираат повеќе проекти кои ја прават Виена подобро место за живеење.


Автор: Александар Миладиновиќ
Извор: Би-би-си на српски
Насловна фотографија: Pixabay