Македонските читатели ја избраа „Коски на срцето“ за книга на годината

Македонските читатели ја избраа „Коски на срцето“ за книга на годината

„Коски на срцето“ од Колин Хувер, со освоени 1597 гласа, е избрана за книга на годината според годинашниот избор што го прави порталот Книганагодината.мк. Во изборот наречен „Reader’s Choice Book Awards 2021“ биле регистрирани над 40.000 гласови од читатели во деветте жанровски поделени категории. 

Инаку, во категоријата домашни автори, најмногу гласови освои делото на Верица Митева - „Во војната и љубовта“, пред „Храмот на натписите“ на Петар Стојановски и „Куклата на Ана“ на Наде Стојилковиќ.

Книгата на Хувер со години е на топ-листите на најпродавани во земјата и една од најбараните во библиотеките. Евиденцијата на COBISS само дополнително потврдува дека книгите на Колин Хувер се едни од најизнајмуваните во целата земја во текот на годината, а во поглед на продажбата, од „Коски на срцето“ се продадени повеќе од 2.250 примероци за нецели 10 месеци.

фото: ФБ-страница на „Книга на годината“