Портокалово како симбол против насилството врз жените

Портокалово како симбол против насилството врз жените

Кампањата „Обој го светот портокалово: КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СЕГА“ започна денеска и ќе трае до 10 декември со цел да мобилизира застапување за инклузивни, сеопфатни и долгорочни стратегии, програми и ресурси за спречување и елиминирање на насилство врз жени и девојчиња.

Кампањата се фокусира на намалување на насилството во јавни и приватни простори со приоритет на маргинализирани жени и девојки и да промовира лидерство на жените и девојките во нивната различност и нивното значајно учество во креирање политики и одлучување од глобално до локално ниво.

Истовремено, таа треба да поттикне и вклучување на креатори на политики во Форумот за еднаквост со цел постигнување напредок во планот на Коалиција за акција за родово базирано насилство. Кампањата потекнува од активисти на првиот Женски глобален институт за лидерство во 1991 година и продолжува да се координира од Центарот за женско глобално лидерство. Од почетокот до денеска учествувале над 6.000 организации во приближно 187 земји, со опфат од 300 милиони луѓе.

Според најновите истражувања на Обединетите нации (ОН), речиси една од три жени на возраст над 15 години била изложена на физичко или сексуално насилство барем еднаш во животот од страна на интимен партнер или непартнер. Со ова истражување се потврдува дека нивото на насилство врз жени и девојки останало непроменето во последната деценија. Кампањата има цел да повика на превенција и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата.